ИГРОМАНИЈА (ЗАВИСНОСТ ОД ИГРИ НА СРПочитувани пациенти,
Се потрудивме во овој документ да ви ги изложиме најважните информации во врска со игроманијата, нејзините симптоми, развој, последици, како и основните принципи на лекување во нашата болница.1. Игроманијата е несомнено болест. Како емоционална болест е внесена во сите меѓународни класификации на болестите. Оваа болест е како алкохолизмот и наркоманијата. 2. Фазите на болеста се следните: • Фаза на добивање - коцкање од случај до случај, мечтаење за добивки, влоговите се зголемуваат, големи добивки. • Фаза на губење - коцкање во самотија, заминување од работа, големи заеми, неплатени долгови, преголеми обложувања, лага. • Фаза на очаеност - упропастена репутација, раскин со семејството, пријателите, каење, префрлање на вината врз други, паника, губење на работата, незаконити постапки. • Фаза на безнадежност - чувство на безизлез, мисли за самоубиство и можен обид за самоубиство, апсење, алкохол, емоционален слом и симптоми на лудило. 3. Симптоми на патолошки коцкар: • Одите во коцкарница за да освоите пари. • Чувствувате внатрешна напнатост и раздразнетост ако долго не сте биле во коцкарница. • Чувствувате радосно исчекување или, напротив, олеснување кога ќе се најдете во коцкарница. • Вашето дишење и чукање на срцето се менуваат кога минувате покрај коцкарница. • На пријателите и познајниците гледате пред сè како на извор на пари на заем. • Почнувате да се убедувате себеси и околината дека можете да престанете со коцкање во секој момент. • Сонувате ситуации поврзани со коцкање. • Вашите блиски ви велат дека сте се измениле, сте станале раздразливи, ладни, но вие тоа не го забележувате. • Вашите добивки се неспоредливи со вашите загуби. • Го криете од блиските износот на коцкарските долгови. 4. Последици на игроманијата • Промени на личноста. Се менува системот на вредности. Зависникот е сè помалку заинтересиран за кариерата, благосостојбата на семејството, успехот на децата, за патувања, заеднички одмор - сето тоа е потиснато од потребата да се почувствува коцкарски транс. Болниот е сосредоточен на сопствените грижи, затворен, раздразлив, манипулира со блиските, измамува. Падот на моралните принципи најпосле доведува до губење на работата, семејството, довербата кај блиските, до конфликти, обвинувања, бескрајни ветувања во кои повеќе никој не верува. Лицето станува напуштено од друштвото. • Растројства на психата. Постојаниот стрес доведува до појава на нервоза, раздразливост, во текот на коцкањето можат да се засилат: агресивноста, која е насочена кон автоматот во коцкарницата и кон околината, нападите на страв, проблемите со спиењето, кошмарите и соништата за коцкање, за огромниот неплатен долг, нападите на паника, чувството на вина, депресијата и обидите за самоубиство. Но, тие продолжуваат при првата можност за коцкање и ништо не може да ги запре. • Физиолошки промени. Нередовната исхрана, постојаната нервна напнатост, несоницата, злоупотребата на наркотици, алкохол или средства за смирување доведуваат до кардиоваскуларни проблеми, хипертонија, нарушување на метаболизмот, имунитетот, хормонскиот статус, физичка и психичка исцрпеност. • Семејни/социјални последици. Зависникот станува неспособен да ги исполнува своите обврски. Не може да се сосредоточи на својата работа, злоупотребува службени пари, ја занемарува дисциплината и на крајот ја губи работата. Ги доведува во постојана опасност своите блиски, кои се присилени со коцкарот да ги делат сите негови долгови. Не се занимава со домашни работи, воспитување на децата, никогаш го нема во најважните моменти, со што создава кај своите блиски горчливо разочарување и сфаќање дека од него можат да се спасат единствено ако го напуштат. Лекување Лекувањето е сложен процес во кој е неопходно учество на самиот пациент, на членовите на неговото семејство и на медицински стручњаци. Денес не постои ниту една метода која гарантира излекување 100%. Познато е дека резултатите во лекувањето на игроманијата се полоши од резултатите во лекувањето на хемиските зависности (наркоманија, алкохолизам). Тоа се објаснува со невозможноста да се добие фармаколошка блокада против рецидив. Кај алкохоличарите може да се создаде неподносливост на алкохол со помош на дисулфирам, кога една голтка пиво предизвикува мачна реакција и употребата на алкохол станува невозможна во периодот на дејството на блокадата. Невозможно е со вакцина или имплант да му се забрани на коцкарот да оди во казино, да земе карти в раце или да игра интернет покер. Основната цел на лекувањето е отстранување на манијакалната потреба да се биде во состојба на коцкарски транс, враќање на контролата над сопствените емоции и однесување, стабилизирање на психичката состојба, нормализирање на спиењето, отстранување на нервозата, раздразливоста, промените на расположението. На кој начин тоа може да се постигне? Кои методи се ефикасни? Посетите кај психолог или психијатар, отворените разговори, употребата на транквилизатори или антидепресиви се апсолутно неефикасни. Лицето добро ја сфаќа штетноста на своето однесување, постојано се среќава со последиците од своето претерано коцкање. Тоа не треба нему да му се објаснува. Болниот тоа го знае и искрено се кае, но ништо не може да промени зашто процесот одамна не е под контрола, личноста и психата се изменети, волевите механизми разорени. Потребна е метода која на болниот ќе му даде сила да ја измени ситуацијата, а не бесмислени копања по минатото за да се најдат нереални причини за зависноста. Ги наведуваме основните методи што ние ги користиме во психокорекцијата и кои даваат реални резултати. 1. Информациона терапија е комбинација на медикаменти, апарати и информации кои ги отстрануваат опсесивните мисли, обземеноста, плановите за коцкање. Под дејството на медикаменти пациентот се наоѓа во состојба на сон (во состојба на сон мозокот подобро прифаќа информации, се совладуваат: цензурата на свеста, патолошките граници од типот «јас го знам тоа, тоа се глупости» , итн.), со помош на апарат - специјални очила, кои испраќаат кодирани видеосигнали, и слушалки, преку кои се испраќаат звучни сигнали, компјутерот пренесува информации. ![]() Самите информации се поделени на кратки, уочливи слики, кои на ниво на подсвест брзо формираат: нови асоцијации за опасност, одвратност кон коцкањето, негативен однос кон атмосферата во казиното, кон коцкарските ритуали. Во основата на методата се наоѓаат основите на учењето за повисока нервна активност, за рефлексите, механизмите за поткрепување, артифециелните врски (artificial neural network), невролингвистичкото програмирање - за ова можете да прочитате овде: http://en.wikipedia.org/wiki/Artificial_neural_network По интензивното информационо влијание, интензитетот на желбата за коцкање, опсесијата, се намалува. Пациентите велат: «коцкање не ми паѓа на ум» , «можам да се концентрирам на нешто што не е во врска со коцкањето», «се појавува рамнодушност кон коцкањето», «мозокот се одморува», «се брише сеќавањето на коцкарските грижи», «го заборавам тој занес», итн. 2. Терапија насочена кон стабилизација на ендорфинскиот систем. Недостигот на наши природни хормони на задоволство, нивното трошење во огромни количества во текот на коцкањето, на крајот доведува до ситуација кога на лицето повеќе не му е важен резултатот на коцкањето во форма на добивка, туку самиот процес на коцкање. Важна е постојаната борба, трка, натпревар. Дури и во моментите на возбуда, добивање, победа, лицето веќе знае дека утре или задутре пак ќе ја започне оваа трка. Наркоманот не може да конзумира некоја одредена доза наркотик и да се смири, тој постојано се стреми да биде под дејство на дрога. Исто така, и коцкарот не може да се задоволи со освојување на некоја одредена сума пари. Нему му е потребно постојано да ги «подбуцнува» своите ендорфини, да биде во борбена состојба, во коцкарски транс. NЕТ методата за нормализација на балансот на ендорфини и отстранување на желбата за коцкање или наркотици се покажа како мошне перспективна. http://en.wikipedia.org/org/wiki/Neuro_Electric_Therapy Со помош на апаратот Transair се воспоставува баланс на ендорфините, а тоа се постига така што раздразливоста исчезнува, мислите се разбистрени, расположението се стабилизира, потребата од лекови се намалува. Терапијата активно се користи за лекување на зависности во Швајцарија, Велика Британија, Израел. 3. Ментална блокада е процедура со елементи на хипноза, кога пациентот во состојба на транс за кратко време одново го проживува својот живот. Во текот на процедурата пациентот калеидоскопски ги посматра и учествува во најважните настани од својот живот. Во миг поминуваат слики од детството, се појавуваат слики на луѓе, настани, кои многу влијаеле врз животот на пациентот. Во тие моменти пациентите бурно, емоционално ги проживуваат своите грешки, ги гледаат трагичните последици на своите постапки поврзани со коцкање. Многумина ќе «прогледаат», плачат и велат дека по проживеаното ништо нема да ги натера да му се вратат на коцкањето. 4. Традиционалните методи во форма на фармакотерапија претставуваат комбинација на препарати кои го зацврстуваат добиениот резултат, ја заштитуваат психата од стрес. Еден од нашите основни принципи при пропишувањето терапија е избегнување препарати кои можат да предизвикаат зависност. Пропишаните лекови се само моментална мерка, тие не предизвикуваат зависност, криза. Психотерапијата, при соодветно учество на пациентот, може да биде инструмент кој на лицето му дозволува не само да направи пауза на патот кон бездна, туку да го измени својот живот така што коцкањето, долговите, измамувањата да станат далеко минато, сосем на друга страна. Психотерапијата вклучува не само разговори со психијатар, специјален педагог, туку и формирање на психолошки механизми за заштита против рецидив, терапија за однесување, симболдрама, холотропно дишење. 5. Фаза на зачувување на резултатите. Трае 12 месеци, подразбира редовни месечни контроли. Во случај на промена на состојбата, пациентот може во секое време да контатира со болницата и да добие адекватна помош не чекајќи редовна контрола. Резултати на лекуваето. Програмата за лекување се избира индивидуално, по консултација со лекар и психолошка дијагностика. Цената на лекувањето варира од 1200 до 6000 еври. По завршувањето на лекувањето, пациентот пишува своја процена за тоа како поминало лекувањето, кои симптоми минале, што уште останало од болеста, колку е сигурен во себе, какви му се плановите за иднина. Резултатот се проценува објективно, со помош на психометриски скали, тестови. По исписот од болницата, резултатите се зацврстуваат со помош на терапија за зачувување на резултатите и со редовни контроли. |