Детоксикација од опиоиди1. Опиоиди се природни алкалоиди од растително потекло или синтетички супстанции кои имаат способност да предизвикуваат силна еуфорија која доведува до психичка зависност, сузбиваат болка, го отежнуваат дишењето и кашлањето, ја снижуваат моториката на желудочно-цревниот тракт. Легално се користат во медицината како составен дел на тоталната анестезија (морфин, фентанил и слично), како средства за брзо отстранување на болка (кодеин, оксиконтин, викодин, комбинирани аналгетици како, на пример, «кафетин»), како средства на супституциона (заменска) терапија - метадон, супститол, субоксон, суботекс. Присутни се на црниот пазар и се користат нелегално - хероин, опиум, ацетилиран опиум, дезоморфин и други рачно или индустриски произведени деривати.2. Детоксикација е комплекс на мерки насочени кон чистење на организмот од супстанции и совладување на апстиненцијалниот синдром (криза, withdrawl syndrome). Видот детоксикација се избира индивидуално, врз основа на анализа на неколку важни фактори: - Супстанција (кризата од хероин трае 5-7 дена, од метадон и супститол таа е многу поинтензивна и може да трае 21-30 дена). Комбинацијата на неколку супстанции секогаш го отежнува и го продолжува апстиненцијалниот синдром. - Дози, ниво на толеранција, зачестеност на употребата на наркотици во текот на денот. - Должина на постојана употреба. Ако лицето во текот на една година макар неколкупати краткo (од две недели до еден месец) се воздржува од наркотици, метаболизмот може да се одмори и е способен за регенерација, апстиненцијалниот синдром оди полесно и ризиците од компликации се помали. Ако во текот на неколку месеци или години лицето не било во состојба да прекине со користењето наркотици макар на период од 10 до 14 дена, апстиненцијалниот синдром е потежок, стресот поврзан со лишувањето од наркотици предизвикува длабоки растројства во работата на органите и системите, поради опаѓање на имунитетот се зголемува подложноста на инфекции. - Начин на употреба (интравенската или инхалационата «пушење на фолија» употреба на наркотици често предизвикува тешки инфективни, васкуларни или респираторни проблеми). Тоа се однесува посебно на случаите на земање наркотици преку инјекции во слабините, вените на бедрото или вратот. - Здравствена состојба и присуство на придружни болести. Што е полоша здравствената состојба, толку е попотребна што побавна постепена детоксикација. Брзите и ултрабрзите методи го изложуваат организмот на стрес, што го зголемува ризикот од декомпензација на системот на животни активности кој е нарушен со употребата на наркотици. - Соработка (анг. patient compliance), мотивација, волеви механизми. Агресивноста, нискиот праг на болка, психопатските реакции, компулзивната, незадржлива желба за наркотици понекогаш ги прават неефикасни обидите да се спроведе литична замена на наркотикот. 3. Услови за спроведување детоксикација Најефикасен и најбезбеден начин е болничкото лекување. Тогаш на пациентот му е оневозможен пристап до наркотици, терапијата е под дваесетичетиричасовна контрола на лекар и мониторинг со современа апаратура, во секој момент пациентот може да добие соодветна помош, што сето го прави процесот максимално безболен и пријатен. Во стационарни услови е поголема можноста да се отстранат последиците од употребата на наркотици - да се поправи апетитот, спиењето, да се намали нервозата, депресијата, желбата за наркотици (crawing),потребата од медикаменти. Тоа се постига со примена на опрема за физиотерапија, со помош на психотерапија, кинезитерапија, акупунктура. 4. Начини или методи на детоксикација Фармакотерапија - трае околу 5-7 дена. Во текот на детоксикацијата е главна комбинацијата на медикаменти која ги отстранува основните симптоми на апстиненцијална криза. Болката во крстот, зглобовите, нозете се отстранува со помош на ненаркотички аналгетици, препарати кои ја слабеат аферентната болна импулсација, ја намалуваат реакцијата на болка во централниот нервен систем. Овие препарати влегуваат во многу стандарди на pain management и обезбедуваат добра заштита од болка. Друг непријатен синдром е вегетативна нестабилност (чувство топло-ладно, кивање, проsевка, наежавена кожа, треска, чувствителност на кожата на вода). Овие симптоми добро се отстрануваат со алфа 2 адреномиметици, тиаприд, баклофен. Во психопатолошки симптоми спаѓаат: раздразливост, дисфорија, снижено расположение, невозможност да се заземе удобна положба во креветот, нервоза, несоница, опсесивни мисли за наркотици. За отстранување на овие симптоми се користат коректори на однесувањето, психостабилизатори, хипнотици, антидепресиви. За терапија се користат препарати кои не предизвикуваат навикнување на нив и самите не можат да предизвикаат нова зависност. Гастроинтестиналните пречки - мака, повраќање, дијареја, се отстрануваат со антиеметици, со средства за нормализација на моториката на системот за варење. Поради често неправилна исхрана, недоволен или прекумерен апетит, во терапијата се воведуваат ферменти кои ја подобруваат способноста за асимилација на храната, аминокиселини, витамини. Исто така е предвидена терапија за отстранување на последиците од употреба на наркотици - инхалации за чистење на белите дробови, хепатопротектори за регенерација на црниот џигер, неврометаболици, ноотропи за подобрување на процесот на размена во мозокот. Замена на агонист со агонист-антагонист - трае 5-10 дена. Смислата на оваа терапија е контролирана наизменична намена на препаратот место «тежок, јак, опасен» хероин, метадон или супститол, а тој препарат спречува да се развие апстиненцијална криза и практично не предизвикува еуфорија, опиеност, желба уште да се додава. . Најраспространета е терапијата со бубренорфин (суботекс, субоксон). Овој препарат има во себе својства и на наркотик и на блокатор (агонист-антагонист) и благодарејќи на тоа мошне добро ја отстранува кризата, а не провоцира јакнење на желбата за наркотици. Често се сложува со други средства на фармакотерапија. NЕТ терапија - трае 5-7 дена. Суштината на методата е заснована врз феноменот што со помош на апарати може да се влијае на невроните во нашиот мозок кои се одговорни за лачење ендорфини и за состојбата на ендогениот опиоиден систем. Се работи за тоа дека нашата природна заштита од шок, болка, стрес е заснована врз природни опиоиди што ги произведуваат невроните. Примената на вештачки супстанции (наркотици) во дози кои се практично илјада пати поголеми од нашите природни, практично го прекинува лачењето на нашите природни хормони на задоволство. Како последица од тоа се појавува тага, апатија, жалост, отсуство на сон и апетит, упорна желба за повторна употреба на наркотици и за враќање на пријатните, позитивните емоции. Многу меѓународни истражувања го потврдуваат најважното место на ендорфинскиот систем во механизмот на развој на зависноста. Примената на NЕТ технологија овозможи ефикасно да се обнови бројот на природни ендорфини. Во некои клиники во Швајцарија и Англија во текот на детоксикацијата се користи само NЕТ апаратура, без медикаменти. И тоа овозможува да се постигне добра физичка и психичка состојба на пациентот. Пациентите забележуваат и изразено намалување на желбата за наркотици. Брза детоксикација од опиоиди (клонидин-налоксон протокол) - трае од 3 до 5 дена. Методата е заснована на забрзување на ослободувањето на опиоидните рецептори од хероин или метадон. Обично, колку побрзо опиоидните рецептори ќе се ослободат од супстанцијата, толку се поинтензивни симптомите на апстиненцијална криза. Затоа е важно не само да се забрза овој процес, туку и да му се обезбеди на организмот, на мозокот, соодветна заштита од стрес. Затоа е разработен протокол кој вклучува антагонист (налоксон) со кратко дејство, кој ги ослободува рецепторите, како и систем на невровегетативна заштита (клонидин, клометиазол, катадолон, итн.). Методата овозможува кризата да се скрати за 3-4 дена и значително да се намалат симптомите на апстиненцијален синдром. Методата се користи од осумдесеттите години на минатиот век, нејзините модификации се користат практично во сите центри за детоксикација низ целиот свет. Ултрабрза детоксикација од опиоиди (Accelerated Neuro-Regulation) метода на Вајсман. Ослободување на организмот од наркотици во текот на четири до шест часа во услови на тотална анестезија. Големи предности на методата се брзината, апсолутната удобност и безболноста. Сето она што при симнувањето на суво обично со денови ги мачи пациентите, во болницата, под анестезија, по неколку часа минува сосем незабележливо. Современите препарати за тотална анестезија обезбедуваат длабок сон, кочење на деловите на мозокот кои се одговарни за болка.Лековите немаат токсично оптоварување за организмот и можат да се применуваат кај пациенти кои имаат хепатитис или проблеми со бубрезите. Безбедност на анестезијата се овозможува со мониторинг на виталните функции - кардиографија, неинванзивно мерење на артерискиот притисок, сатурација на кислород во крвта, капнометрија. Лековите се внесуваат во организмот на пациентот со помош на специјални инструменти (infusion pump), кои ја одржуваат програмираната концентрација на препарат во организмот, сигнализираат за сите промени. Процена на нивото на ризикот на процедурата се спроведува според критериумите на ASA (Американска асоцијација на анестезиолози). По завршувањето на процедурата пациентот се наоѓа под надзор во соба за интензивна нега до следниот ден. Во болницата останува уште 2-3 дена. Постојат многу митови за оваа процедура Многу реклами велат дека по процедурата наполно минуваат и физичката и психичката зависност. За жал, ултрабрзата детоксикација од опиоиди драстично го ослободува пациентот од физичка зависност и практично не влијае на желбата за наркотици. Многу луѓе велат дека ултрабрзата детоксикација од опиоиди претставува неоправдан ризик и дека во текот на анестезијата може нешто да се случи. Најчесто се работи за предрасуди за тоталната анестезија воопшто. Порано, анестезијата се сфаќаше како крајна мерка. Денес многу луѓе не можат да замислат лекување на заб, абортус, колоноскопија или некоја друга непријатна процедура без анестезија. Стандардите на безбедност, опремата и медикаментите обезбедуваат удобно, безболно и безбедно симнување од наркотици. Опасност од предозирање по исписот од болница. Ризикот од предозирање по завршувањето на ултрабрзата детоксикација од опиоиди е навистина реален. Наглото опаѓање на толеранцијата и желбата за наркотици создаваат ситуација некои пациенти, при обидот да земат доза наркотик која е два или трипати помала отколку пред детоксикацијата, опасно да се предозираат. Затоа сите стручњаци велат дека самата ултрабрза детоксикација од опиоиди претставува само прв чекор кон ослободување од зависност. По извршената детоксикација е потребно: психокорекција, која ги стабилизира психичките процеси, фармаколошка заштита со налтрексон од рецидив и рехабилитација, која му овозможува на пациентот да го врати нормалниот систем на вредности, да го промени својот начин на живот. Криотерапија Терапија со ксенон |