Зошто вреди нам да ни се обратите

1. Затоа што лекувањето кое се спроведува во болницата соодветствува со највисоките светски стандарди.
Методите на лекување кои се користат, протоколите за детоксикација, медикаментите, апаратурата се проверени со меѓународни испитувања и се користат во разни земји во светот (на пр. мапа со наведените болници кои користат NET, ултрабрза детоксикацијa од опиоиди, импланти). Користените технологии се резултат на научна соработка, размена на искуства со водечките светски клиники. Постојаното усовршување на методите, комбинацијата на неколку схеми на детоксикација, присуството на современа технологија овозможуваaт пациентите безбедно, безболно да се исчистат од големи дози наркотици, тешки супстанции (метадон, супститол, капанол, компенсан).

2. Затоа што новите методи на лекување им даваат шанса на оние кои се уморени од метадон или супститол или веќе многупати безуспешно пробале со традиционална детоксикација и потоа со програмата «12 чекори ».
Современата медицина постојано се развива. Од дрвена трубичка за слушање на дишните шумови на белите дробови и триење со овчи лој како начини на дијагностика и лекување на пнеумонија, медицината дојде до томографија и јаки антибиотици кои сигурно ја лекуваат оваа некогаш смртоносна болест. Во лекувањето на зависностите исто така има значителен напредок. Покрај традиционалните таблети и разговори, се појавија методи за обновување на функциите на ендорфинскиот систем во нашиот мозок, информациона терапија , кои ја отстрануваат желбата за наркотици, го стабилизираат расположението, спиењето, ја враќаат контролата над емоциите и однесувањето. Блокаторите, антагонистите со продолжено дејство прават сигурна фармаколошка блокада на опиоидните рецептори. Поради блокаторите, опиоидите прастануваат да дејствуваат. Земањето наркотици станува невозможно.

3. Затоа што многу луѓе тоа веќе го сториле.
Медицинскиот туризам е еден од најпопуларните трендови. Поради евтина стоматологија, естетска хирургија, ортопедија, Тајланд, Индија, Турција одамна се места каде што за медицинска помош одат Американци, Европејци. Во Летонија, во 2003 година, на детоксикација од хероин заминале околу 1000 државјани на Германија. Нашите клиники во Русија постојат подолго од 15 години. За тоа време доаѓаа на лекување луѓе од Германија, Велика Британија, Израел, Кенија, Обединетите Арапски Емирати и многу други земји. Филијалата на клиниката во Србија постои од 2007 година. На лекување годишно доаѓаат околу 300 пациенти. Од нив, 30% се државјани на Австрија, Италија, Грција, Германија. Во Србија , освен лекување од наркотици, многу луѓе планираат да поправат заби, вградат импланти, затоа што стоматологијата е квалитетна и евтина. Во единствените природни бањи може да се собере сила, да се одморат душата и телото.

4. Затоа што цените на лекувањето се достапни.
Квалитетното лекување може да биде достапно. Цената на пакет за детоксикација, кој вклучува испитување, самите процедури, медикаменти, исхрана, физиотерапија, метаболичка терапија, NET терапија, престој во болницата во траење од 5 до 7 дена, изнесува 1500 еври.

5. Затоа што се погриживме лекувањето да биде ефикасно, едноставно, удобно, безбедно, пријатно.
Претходно се договара со пациентот за условите за престој, медицинската програма, трансферот, начинот на плаќање. Медицинска помош се укажува веднаш по доаѓањето во болницата, што овозможува избегнување на криза. Во болницата 24 часа е присутен лекар, средномедицински персонал, работник на обезбедување. На лицата во придружба болницата ќе им помогне да најдат соодветен хотел блиску до болницата. По спроведената детоксикација, во фазата на психокорекција, се оди во групни прошетки, на екскурзии, се посетуваат историски места, се оди во природа. По исписот од болницата, со пациентот се одржува врска во текот на 12 месеци.