ЛЕКУВАЊЕ НА НАРКОМАНИЈА

Почитувани пациенти,
Се потрудивме во овој документ да ви ги изложиме основните принципи на лекување на зависности во нашата болница. Постојат неколку фази на лекување. Првата фаза на лекување е стационарна и подразбира пациентите да лежат во болницата 24 часа дневно. Стационарот е од затворен тип и задолжитено е почитување на дневниот ред. Кога состојбата на пациентот ќе се стабилизира, можни се прошетки со психолог, вежби, посети. Забранета е употреба на сите психоактивни супстанции, кафе, газирани пијачки, како и своеволно напуштање на болницата без присуство на персоналот.

1. Лекувањето почнува со дијагностика (анализа на крвта, тестови со кои се утврдува нивото на желбата за наркотици, постоењето депресија, нервоза). Во текот на првите денови се спроведува детоксикација, со која се отстрануваат симптомите на физичка криза и организмот се чисти од психоактивни супстанции. Во текот на детоксикацијата се користат инфузии, препарати со кои се отстрануваат симптомите на кризата, седативи, лекови за смирување. Отсуството на симптоми на криза е критериум за успех на детоксикацијата (т.е. нема дијареја, повраќање, болка, невозможност да се лежи мирно во креветот и сл.). По завршувањето на детоксикацијата, пациентот може да се напие налтрексон (налорекс, ревиа, антаксон); земањето блокатори не предизвикува симптоми на криза.

2. По завршувањето на детоксикацијата, симптомите на психичка криза (нервоза, опсесивни мисли за наркотици, променливо расположение, несоница) обично се интензивираат. Затоа останатото време се посветува на процедури кои ја отстрануваат психичката зависност. Во оваа фаза се користат методи на фармаколошка корекција, информациони терапии, како и апарати за физиотерапија. Се спроведуваат мерки за подобрување на имунитетот и регенерација на клетките во организмот. Обично, во текот на стационарното лекување се стабилизира психичката состојба на пациентот (се губи желбата за наркотици, нервозата, депресијата, се подобрува сонот, апетитот). Предвидени се и групна психотерапија, јога, масажа, прошетки, пинг-понг.

3. На крајот на лекувањето е предвидена фармаколошка блокада во вид на имплант на налтрексон. Смислата на оваа процедура е во тоа што под дејство на налтрексонот опијатските рецептори на пациентот се блокирани и користењето хероин, тродон, метадон, не предизвикува еуфорија и слични чувства, како ни рецидив и одново користење наркотици. Дури и секој обид за користење наркотици преку имплантот е опасен, зашто може да дојде до кома поради предозирање, оток на мозокот, парализа, задушување.

4. По исписот од болницата, амбулантната фаза на лекување трае една година. Пациентот зема лекови кои му се пропишани во отпусната листа, ги почитува сите правила на амбулантно лекување. Секој месец доаѓа на редовни контроли. Во случај состојбата да се промени, да се појави депресија или желба за користење наркотици, пациентот веднаш ја известува болницата за да добие додатни препораки. Кога ќе измине рокот на првиот имплант, се вградува нов, што се наплатува додатно. Ова лекување долго се спроведува на нашата клиника и, кога постои добра соработка со пациентот и со неговото семејство, дава одлични резултати (тоа го гледаме од анкетите за контрола што ги пополнуваат пациентот и неговите родители). Пациентот може, зависно од финансиските можности и други мотиви, во нашата болница да закаже различни програми на лекување:
      1. Лекување на физичка зависност, безболна и комфорна детоксикација, која трае најмалку три дена и чини 1000 еври и повеќе, зависно од дозата, супстанциите и здравствените проблеми:
            а) Обична детоксикација - ако нема отежнувачки соматски или психички заболувања. Хероинска доза до 2 грама. Трае 3-4 дена. Цена - 1000 еври.
            б) Специјална, продолжена детоксикација - кај пациентите кои имаат отежнувачки соматски или психички заболувања. Хероинска доза поголема од 2 грама. Употреба на високопотентни агонисти (метадон, компенсан, супститол или други супстанции со продолжено дејство). Комбинирана употреба на опијати и бензодијазепин или други психоактивни супстанции. Трае 5-6 дена. Цена - 1500 еври.
      2. Блокада на опијатските рецептори со имплант на налтрексон за да се спречи рецидив:
            а) еден месец - 200 еври
            б) 2 месеци - 400 еври
            в) 3 месеци - 500 еври
            г) 6 месеци - 1800 еври
            д) 12 месеци - 2500 еври
      3. Комплексното лекување на физичка и психичка зависност од наркотици вклучува безболна детоксикација, лекување на зависност од наркотици, опсесивни мисли и сеќавања на нив (14 дена), имплант блокада на опијатските рецептори во првите два месеци и амбулантна терапија во траење од 12 месеци насочена против рецидив (цена - 5000 еври и повеќе, зависно од супстанцијата).

По барање од пациентот, може да се состави индивидуална програма за лекување на придружни соматски и психички растројства.